24фудбал

Криминален старт со кој можеше да стави крај на кариерата на Мбапе (ВИДЕО)

Килијан Мбапе може да биде среќен што не заработи сериозна повреда на натпрварот помеѓу ПСЖ и Брест во Купот на Франција, Лилијан Браси со криминален старт го сопре напаѓачот.

Франција

На многумина во Париз, но и во Мадрид, им застана здивот по стартот на Браси врз Мбапе во Купот на Франција.

Во 69. минута од мечот, напаѓачот итро се ослободи од својот чувар на средината од теренот, но само што тргна напред, беше згазнат во пределот на Ахиловата тетива, па ова како да не беше доволно, прилично лошо го извитка скочниот зглобот.

Но за среќа, Килијан Мбапе избегна сериозна повреда и пауза од месеци ако не и цела година, и по интервенцијата на лекарскиот тим го продолжи натпреварот.

Лилијан Браси за криминаниот старт доби жолт, кој беше негов втор, па му беше покажан и црвен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.