24фудбал

Новинар доби закани зошто кажа дека Маркињос игра како по*ран: Кога ќе те начекам, ќе видиме кој ќе биде по*ран!

Новинарот Даниел Риоло го критикуваше капитенот на ПСЖ, рече дека Маркињос игра како посран на големите натпревари, па доби закани од братот на дефанзивецот.

Франција

Маркињос синоќа одигра сосема солидно во победата од 2-0 на ПСЖ во пресметката против Реал Сосиедад, но доби критики во анализата која беше направена во емисијата „Афтер фут“.

„Постои реален проблем „Маркињос“ во Лигата на шампиони. Игра како посран. Паничи, искрено не знам зошто, но ми се чини дека секогаш е исплашен кога ќе прими топка. Се однесува како лузер“ – рече новинарот Даниел Риоло.

Ваквите коментари не му се допаднаа на братот на Маркињос, кој на социјалните мрежи напиша: „Ако си маж, кажи ми го сето ова во лице. Ќе видиме кој ќе биде посран кога ќе те начекам. Се надевам наскоро ќе се сретнеме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.