24фудбал

Нејмар со контроверзен лајк: Егото на „еден Французин“ направи хаос во соблекувалната, а сега тој си оди беспари

Нејмар со еден лајк на социјалните мрежи уште еднаш испрати критика до раководството на ПСЖ и Килијан Мбапе.

Франција

Изминативе години, често се пишуваше дека Нејмар и Мбапе не се мирисаат, и дека Французинот побарал Бразилецот да биде продаден како еден од условите за останување во Париз.

Откако Нејмaр се пресели во Ал Хилал, во неколку наврати меѓу редови ги потврди ваквите написи, а дека односот бил нарушен потврди и денеска, со еден контроверзен лајк на социјалните мрежи.

„Ниту еден фудбалер не треба да биде поголем од клубот. ПСЖ знаеше како да ги донесе најдобрите играчи и го создаде најдобриот тим во светот. Кога тимот почна да игра навистина добро, егото на „еден Фрацузин“ направи хаос во соблекувалната. Мбапе почна да се чувствува игнориран, му пречело тоа што поголемиот дел од соблекувалната зборува шпански, па се закани дека ќе го напушти клубот. Со цел да не останат без „скапоцениот“, ПСЖ почна да ги продава играчите кои не се вклопуваа во размислувањето на Мбапе и ги донесе француските фудбалери кои тој ги побара. Откако направија се за да му ги исполнат желбите, Мбапе го информираше клубот дека по крајот на сезоната си заминува беспари“ – гласеше постот кој доби лајк од Нејмар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.