24фудбал

Елис од Бордо е во кома по судир со глави со противнички играч (ВИДЕО)

На вчерашниот меч од втората лига во Франција меѓу Бордо и Генгамп имаше тежок инцидент во кој најдебелиот крај го извлече напаѓачот на домаќините, Алберт Елис.

Франција

Напаѓачот од Хондурас доби тежок удар и остана да лежи на тревата по што мораше да му биде укажана помош, а потоа беше префрлен в болница во Бордо каде е ставен во индуцирана кома и извршена му е операција на главата. 

Судирот се случи во 34. секунда од мечот кога на Елис налета противничкиот играч Донатиен Гомис. На фудбалерот на Бордо осум минути му беше укажувана помош по што е изнесен на носилки од стадионот.

Последните информации се дека Елис се наоѓа надвор од животна опасност, но докторите го држат во кома и будно ја следат неговата состојба.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.