24фудбал

За ПСЖ, Мбапе е предавник!

Францускиот весник „Л'Екип“, вели дека во ПСЖ заминувањето на Килијан Мбапе од клубот го гледаат како предавство.

Франција

Со крајот на сезоната завршува поглавјето на Килијан Мбапе во ПСЖ, негов нов предизвик ќе биде Реал Мадрид.

Парискиот клуб ќе го загуби својот најдобар играч бесплатно, а наводно таму се гневни кон Мбапе за неговото заминување.

„Не можете да му кажете не на Насер, не можете да му кажете не на Катар“, извор од ПСЖ изјавил за „Л'Екип“.

ПСЖ неколкупати успеваше да го предомисли Мбапе, но овојпат се чини дека тоа нема да биде случај.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.