24фудбал

Луис Енрике го потврди заминувањето на Мбапе: Неговата иднина не е тука!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике потврди дека Килијан Мбапе ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Франција

Официјално соопштение за заминување на Мбапе засега нема, па секоја изјава од официјално лице од клубот дава тежина.

„Очигледно иднината на Килијан Мбапе нема да биде тука, па ќе треба да тестираме тактики со други играчи“, рече Луис Енрике по вчерашниот меч.

Мбапе го одигра целиот натпревар против Реал Сосиедад и постигна два гола, но беше изваден на полувремето во викенд дуелот од Лига 1.

Се очекува до крајот на сезоната во француското првенство Мбапе често да има скратена минутажа, но веројатно во натпреварите од Лигата на шампионите ќе биде максимално користен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.