24фудбал

Манчестер јунајтед со два гола од пенал го победи Евертон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ги освои трите бода против Евертон благодарение на два гола од пенал во првото полувреме, конечниот резултат беше 2-0.

Англија

По поразите од Фулам и Сити, Манчестер јунајтед им се врати на победите откако го совлада Евертон.

Двата гола беа постигнати на идентичен начин. Најпрво Бруно Фернандеш погоди од пенал во 12. минута, а потоа тоа го направи и Рашфорд во 36. минута.

Евертон имаше доволно шанси да постигне гол и да се врати во мечот, но тоа не се случи. Победи Јунајтед со 2-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.