24фудбал

Клоп за стартот на Доку врз Мекалистер: Тоа беше чист пенал за сите луѓе на планетата!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим е оштетен поради недосуден пенал во самиот финиш на натпреварот.

Англија

Пред крајот на мечот, Доку стартуваше опасно врз Мекалистер, судијата сметаше дека стартот е на топка, па не досуди пенал. Одлука која предизвика бура од реакции.

„Чист пенал за сите луѓе на оваа планета. На сите позиции на теренот тоа е фаул и жолт картон“, вели Клоп.

„Тој може да ја удри топката бидејќи неговото стопало е таму. Тие велат: ја удрил топката. Но ако топката не беше таму, тој ќе го убие“.

„Судијата ќе најде некој изговор, и другите исто така ќе најдат изговор“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.