24фудбал

Бен Вајт стави потпис на нов договор со Арсенал и одби да игра за Англија!

Дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт денеска е во центарот на вниманието поради две работи, потпиша нов договор со топчиите и не се најде на списокот на селекторот Герет Саутгејт.

Англија

Бен Вајт стави потпис на договор со Арсенал до 2028 година со опција за продолжување на уште една дополнителна сезона.

„Бен Вајт е клучен играч за нас, топ професионалец со победнички менталитет, еден од момците кои важат за пример секој ден“, рече Артета откако Вајт го стави потписот на новиот договор.

Подоцна излезе списокот на селекторот на Англија, Герет Саутгејт за престојните натпревари, а на него го немаше Вајт.

„Имавме повик од Арсенал минатата недела, ни рекоа дека Бен Вајт не сака да игра за Англија. Бен Вајт не сакаше да биде повикан и тоа е голема штета, тој е играч кој навистина го сакаме. Го земав за ЕП и СП. Зборував со него по Мундијалот во Катар, сакав да го викнам, но тој одби“, откри Саутгејт.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.