24фудбал

Тен Хаг испрати порака по гласините за трансфер на Рашфорд во ПСЖ

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека Маркус Рашфорд нема да биде продаден по гласините дека Англичанецот е идентификуван како замена на Килијан Мбапе во ПСЖ.

Англија

Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ по крајот на сезоната, па „светците“ составуваат листа со желби, и изминативе денови често имаше гласини за ангажман на Маркус Рашфорд.

Се говореше дека клубот од Париз е подготвен да плати 75-80 милиони фунти за Англичанецот и дека „ѓаволите“ би можеле да бидат примамени за една ваква зделка со цел да ги балансираат сметките, евентуална продажба на Маркус Рашфорд ќе значи чист профит, напаѓачот е дете на Манчестер јунајтед.

Сепак, Ерик тен Хаг попладнево негираше дека се размислува за продажба на Маркус Рашфорд.

„Не потпишавме нов договор со Маркус Рашфорд минатата сезона со намера да го продадеме сега. Тој е дел од проектот на Манчестер јунајтед па нема потреба да говориме на оваа тема“ - порача тренерот на „ѓаволите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.