24фудбал

Кејн се врати во Минхен, нема да игра и против Белгија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт потврди дека Хари Кејн ќе се врати во Германија каде ќе ја продолжи рехабилитацијата од повредата.

Англија

Кејн има повреда на зглобот, но и покрај тоа се појави на репрезентативната прозивка. Англичаните се надеваа дека ќе го имаат барем за дуелот со Белгија, но тоа нема да се случи.

„Хари Кејн ќе се врати во Германија за третман на повредата на зглобот. Тој нема да биде подготвен да игра против Белгија во вторник“, рече Саутгејт.

Англија синоќа играше пријателски меч против Бразил на Вембли и загуби со 1-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.