24фудбал

Новинар најави трансфер бомба, Ерлинг Халанд за година ипол ќе игра во Барселона

Новинарот Жота Жорди денеска излезе со оптимистички прогнози и најави дека Ерлинг Халанд ќе пристигне во Барселона во летниот преоден рок во 2025 година.

Шпанија

Ерлинг Халанд често се поврзуваше со Реал Мадрид, дури и се пишуваше дека во договорот на напаѓачот има откупна клаузула со поповолни услови за „кралевите“.

Но со оглед на тоа дека се очекува Килијан Мбапе и талентираниот Ендрик да пристигнат на „Бернабеу“ ова лето, во последно време се говори дека Барселона има поголеми шанси да го ангажира Норвежанецот.

Новинарот Жота Жорди денеска излезе со бомбастична најава и изјави дека Ерлинг Халанд ќе пристигне на Камп Ноу за година ипол, односно во летниот преоден рок во 2025.

Барселона очекува до тогаш да заздрави на финансиски аспект и да има доволно средства за еден ваков трансфер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.