24фудбал

Официјално: Ди Марија потпиша за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го потврди ангажманот на Анхел Ди Марија од Реал Мадрид за рекордна сума од 59,7 милиони фунти.

Англија
Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на Анхел Ди Марија од Реал Мадрид за рекордна сума во Премиер лигата.
 
„Манчестер Јунајтед со задоволство може да соопшти дека го комплетираше трансферот на Анхел Ди Марија за рекордна сума од 59,7 милиони фунти. Анхел потпиша пет годишен договор" - стои во соопштението на Јунајтед.
 
Аргентинецот ќе ја има честа да го носи легендарниот број седум кој го носеле многу легенди на Црвените Ѓаволи.
 
„Апсолутно сум пресреќен што дојдов во Манчестер Јунајтед. Уживав во времето поминато во Шпанија, имаше интерес од многу клубови за мене, но Јунајтед е единствениот клуб за кој би заминал од Реал Мадрид" - вели Ди Марија.