24фудбал

Урнебесна реакција: Клоп слатко се изнасмеа по шутот на Лукас Леива (ВИДЕО)

Јирген Клоп уште еднаш покажа зошто е еден од најомелените ликови во светот на фудбалот, стратегот слатко се изнасмеа по едно промашување на Лукас Леива

Видео

„Црвените“ играат во одлична форма, а тоа го покажаа и на вчерашниот дуел со градскиот ривал Евертон, кого лесно го добија со убедливи 4-0.

Добрите резултати во последно време придонесоа атмосферата во Ливерпул да е на највиско ниво, а тоа го потврди и Јирген Клоп со својата урнебсена реакција во финишот од пресметката со „Карамелите“.

Лукас Леива се обиде да се запише во листата на стрелците, но наместо да испрати „бомба“ од 25 метри, Бразилецот шутираше очајно а Јирген Клоп слатко се изнасмеа.