24фудбал

Голем инцидент на шведското дерби, фудбалер на Малме со корнер знаменцето ги гаѓаше фановите на Гетеборг (ВИДЕО)

Дерби пресметката помеѓу Гетеборг и Малме не го дочека крајот, беше прекинат по инцидентот помеѓу дел од домашните навивачи и гостинскиот фудбалер Тобијас Сана

Видео

Средбата беше прекината во 77. минута кога петарда пукна под нозете на Тобијас Сана, кој се загреваше покрај аут линијата.

Фудбалерот ги загуби нервите, го откорна корнер знаменцето и го фрли кон домашните фанови.

Судијата потоа ги повика играчите да се упатат во соблекувалната, и по половина час прекин беше донесена одлука натпреварот да не продолжи.