24фудбал

Куче прекина натпревар од Копа Либертадорес (ВИДЕО)

Влета на теренот и радосно скокаше по играчите, очигледно сакаше и тоа да поигра.

Видео

На натпреварот во Сан Кристобал помеѓу домашниот венецуелски тим на Депортиво Тачира и мексикански УНАМ се случи невообичаен прекин.

Имено, во првото полувреме куче влезе на теренот по што имаше краток прекин додека разиграниот и весел натрапник не беше фатен и изнесен надвор.

Депортиво Тачира славеше со 1:0 во овој прв осмина-финален натпревар.