24фудбал

Мурињо влезе во теренот и спречи акција на противникот (ВИДЕО)

Жозе Мурињо имаше свое што на хуманитарниот меч помеѓу Ол Стар тимот кој го предводеше тој и легендите на Мексико.

Видео

Жозе Мурињо беше во улога на тренер на пријателски хуманитарен меч во Мексико Сити. За Мурињо меѓу другите на овој меч настапија и ѕвезди како Роналдињо, Фиго, Десаи, Канаваро, Пујол, Јорк...

Натпреварот се играше на помал терен, девет на девет играчи. Мексико победи со 9-8 со победнички гол на Јорге Кампос.

Мурињо имаше свое шоу на теренот, откако влезе на теренот и спречи една акција на мексиканците.


По мечот се пошегува на прашањето за неговата иднина.

„Сега одам во хотелот, ќе имам убава вечер и ќе уживам со мојот тим. Барам нова работа, но го загубив овој натпревар, па веројатно нема да имам нов клуб“ - се пошегува Мурињо.