24фудбал

Магичната сезона за Рашфорд продолжува, напаѓачот постигна гол по само 3. минути на дебито за Англија (ВИДЕО)

Маркус Рашфорд продолжува со магичната сезона, напаѓачот вечерва дебитираше во дресот на „Гордиот Албион“ и постигна гол по само 180 секунди

Видео

18 годишниот Маркус Рашфорд во февруари од анонимен фудбалер преку ноќ стана новиот херој на фановите на Манчестер јунајтед откако на дуелот со Митјиланд во своето деби за „Црвените Ѓаволи“ постигна два гола.

Напаѓачот потоа постигна уште неколку клучни погодоци во Премиерлигата, а за добрите игри беше награден од селекторот на Англија, Рој Хоџсон и се најде на поширокиот список за Европското Првенство.

Вечерва Маркус Рашфорд доби шанса да дебитира за „Гордиот Албион“ на пријателскиот натпревар со Австралија, и тој уште еднаш блесна.

По само 180 секунди, напаѓачот го постигна својот првенец во дресот на Англија.