24фудбал

Дали Занети е фудбалската легенда која учествувала во местењето ждрепка со топли и ладни топчиња? (ВИДЕО)

По изјавата на Сеп Блатер дека е наместена ждрепка на европско натпреварување со употреба на топли и ладни топчиња на социјалните мрежи почнаа да кружат стори за тоа кој местел

Видео

Поранешниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер вчера ги потврди урбаните легенди дека се местат ждрепки со топли и ладни топчиња.

Па фудбалските фанови на социјалните мрежи одново почнаа да пишуваат на оваа тема.

Повторно актуелна стана ждрепка од Лигата на Шампионите во која учествуваше Хавиер Занети, поранешниот играч на Интер не се потруди соодветно да ги промеша топчињата, па многумина запрашаа дали легендата на „Нероаѕурите“ учествувал во местенка што ја спомна Сеп Блатер.