24фудбал

Во чест на Марадона, Пума го враќа еден од најславните дизајни на копачки (ФОТО + ВИДЕО)

По повод 30 години од неверојатниот гол на Марадона против Англија, Пума пушта во продажба копачки со стариот и добро препознатлив дизајн.

Видео

Пред 30 години на мечот помеѓу Аргентина и Англија, Диего Марадона ги постигна своите два најславни погодоци во кариерата, „божјата рака“ и голот кога тргна од центарот, ја помина дефанзивата на противникот, го помина и голманот и ја смести топката во неговата мрежа.


По повод вториот гол на Марадона на тој меч, Пума пушта во продажба ограничен број на „Пума Кинг Марадона Копачка“ кои ќе чинат 200 евра.

На копачките ја има десетката на Марадона, а во внатрешноста е исцртана шемата од погодокот на Диего против Англија.