24фудбал

Шегата „оди на одмор во Велс“ е причината поради која Робсон Кану сега игра за „Змејовите“

Хал Робсон Кану ги брани боите на Велс поради една бизарна шега на негов соиграч од редовите на Рединг

ЕУРО 2016

27 годишниот напаѓач, кој моментално е без клуб, ја воодушеви фудбалската јавност со прекрасниот гол против Белгија.

Хал Робсон Кану е роден и израснат во Лондон, тој има настапувано за младинските категории на Англија но во 2010 прифати да го носи дресот на Велс.

Поранешниот тренер на Велс, Брајан Флин сега ја открива целата приказна зад ваквиот потег на фудбалерот и вели дека шегата „тој оди на одмор во Велс“ е причината поради која Хал Робсон Кану игра за „Змејовите“

„Бев во кантината на Рединг, зборував со Симон Чрч а потоа ни се придружи Глен Литл – вели Флин.

„Литл знаеше дека со Симон разговарам за Велс, па ми го посочи Хал и на цел глас извика „тој може да игра за Велс, оди на одмор таму“. Тоа е една стара шега.

„Откако го завршив разговорот со Симон, Хал се уште беше во кантиката па појдов да разговарам и со него. Му реков: „Слушај, Глен ме знае одамна, се шегува со мене а не со тебе“.

„Тој ми одговори: „Разбирам, но навистина одам на одмор во Велс. Започнуваме од Басинсток, го поминуваме целото тоа подрачје, по пат ја собираме мојата баба во Керфили и потоа одиме во Тенби.

„Па веднаш ми светна и го прашав дали неговата баба живее во Керфили, а тој одговори дека таа е родена таму, и така се роди идеата Робсон Кану да игра за Велс.

„Веќе настапуваше за У19 репрезентацијата на Англија, но му кажав дека не сум го гледал и дека ќе мора да го помине тестот.

„Го помина уште на првиот натпревар, па му понудив да игра за Велс. 12 месеци го убедував па сега сум благодарен што успеав да го натерам.