24фудбал

Роналдо: Подобро е да стартувате лошо а да завршите добро

Кристијано Роналдо е пресреќен по обезбеденото финале на ЕУРО 2016, вели дека отсекогаш сонувал за титула во дресот на Португалија

ЕУРО 2016

Португалија е првиот финалист на Европското првенство откако вечерва во Лион, избраниците на Фернандо Сантош стигнаа до првата победа на ЕУРО 2016 и со 2-0 славеа над Велс.

„Ова е нешто што го посакувавме од самиот почеток – вели Кристијано Роналдо, кој го отвори резултатот а потоа му асистираше на Нани.

„Постојано верувавме. Подобро е да стартувате лошо а да завршите добро.

„Сите го заслужуваат ова, фудбалерите, тренерскиот персонал па и медицинските лица кој напорно работеа за да ги опорават играчите.

Ова е ново финале за Португалија по она пред 12 години кога на домашен терен загубија од Грција.

„Се надевам дека во недела ќе видиме насмеани лица и солзи радосници. Отсекогаш сум сонувал за титула во дресот на Португалија.

„Блиску сме и верувам дека ќе победиме.