24фудбал

Роналдо одби да открие што му кажал на Бејл: Многу сте љубопитни!

Кристијано Роналдо не сака да открие за што разговарал со Герет Бејл по крајот на натпреварот, само вели дека му честитал на Велшанецот за одличниот настап

ЕУРО 2016

Клупските другари од Реал Мадрид вчера играа еден против друг, Кристијано Роналдо ја доби битката и ја однесе Португалија во финале, додека пак Герет Бејл разочаран ќе се врати дома.

По последниот свиреж на судијата, камерите го уловија капитенот на Португалија како го теши својот соиграч од Реал.

Кристијано Роналдо одбива да открие што точно му кажал на Герет Бејл, и само вели дека му честитал за одличниот настап на Европското првенство.

„Многу сте љубопитни! – им одговори Роналдо на новинарите.

„Имавме нормален разговор, но нема да ви откријам што точно беше кажано.

„Му честитав за настапот на Европското првенство, се прикажаа во одлично светло, беа изненадувањето на ЕУРО 2016.

„Останатото преферирам да остане помеѓу нас двајцата.