24фудбал

Озил му пратил смс на Косјелни: Германија не е Исланд

Месут Озил открива дека се подбуцнува со неговиот соиграч од Арсенал, Лоран Косјелни во пресрет на дуелот помеѓу Германија и Франција

ЕУРО 2016

Светскиот шампион Германија вечерва се среќава со домаќинот Франција во второто полуфинале на ЕУРО 2016.

Во пресрет на средбата во Марсеј, Месут Озил открива дека се подбуцнува со неговиот соиграч од Арсенал, Лоран Косјелни.

„Се подбуцнуваме постојано – вели плејмејкерот во разговор со Кикер.

„По четвртфиналето му испратив смс на Косјелни и му кажав дека Германија не е Исланд.

„Ми врати дека тоа ќе биде голем натпревар, за нас и за фановите. Двајцата со нетрпение го чекаме.

„Франција ќе ја има поддршката од фановите, но доколку го споредиме потенцијалот на двете селекции, верувам дека можеме да ги победиме.