24фудбал

Гризман се изедначи со Тиери Анри

Франција го слави Антоан Гризман, фудбалерот на Атлетико Мадрид ја однесе својата земја во големото финале на Европското првенство и речиси сигурно ќе ја освои златната копачка.

ЕУРО 2016

Антоан Гризман се изедначи со Тиери Анри по бројот на дадени голови на Европските првенства за Франција, и двајцата имаат по шест голови.

Треба да се случи чудо Гризман да не ја добие златната копачка на Европското првенство за најдобар стрелец.

Гризман е на врвот на листата со шест постигнати гола, од оние кои ќе играат во финалето по три имаат Роналдо, Жиру, Паје и Нани. По три погодоци постигнаа и Бејл и Мората.