24фудбал

Полицијата уништи сомнителна торба пред хотелот на Франција

Француската полиција со контролирана експлозија уништи сомнителна торба пред хотелот на француската репрезентација.

ЕУРО 2016

Полициска интервенција во последниот ден на Европското првенство, отстранета е сомнителна торба во близина на хотелот и автобусот на репрезентацијата на Франција.

Репортерот на „Скај Спортс“, Кавех Солхекол го раскажува случајот: „Стоевме надвор заедно со колегите новинари и околу 500 до 1000 француски навивачи кои беа таму“.

„За жал приметивме како полицијата почна да прашува „Чија е оваа торба?“ Никој не се јави да каже дека е негова, тогаш полицијата одлучи да ги тргне сите од тоа место“.

„Торбата беше надвор од хотелот, на 10 метри од францускиот автобус“.

Торбата била уништена со контролирана експлозија. Подоцна било установено дека се работи за лажна тревога.