24фудбал

Историски успех за Португалија, Европски шампион! (ВИДЕО)

Португалија испиша историја, со гол на Едер во 109. минута ја совлада Франција во Париз и стана новиот Европски шампион.

ЕУРО 2016

Португалија е новиот Европски шампион, Франција загуби на свое тло, во Париз, Роналдо и неговите соиграчи слават историски успех.

Натпреварот беше решен во 109. минута Еден „испука“ една бомба од голема далечина, го совлада Лорис за водство кое значеше огромна победа за Португалија.

Поради предноста на домашниот терен и квалитетот на составот, Франција влезе како фаворит во овој меч, и добро го почна натпреварот, Гризман во 10. минута со глава биеше, Руи Патрисио со крајни напори обрани.

Во 25. минута Кристијано Роналдо мораше да го напушти поради повреда, ситуацијата на Португалија стана уште полоша откако го загубија убедливо најдобриот играч.

До крајот на регуларниот дел Франција од време на време се закануваше, најсериозната шанса ја имаа во судиското продолжение кога Жињак ја погоди стативата.

Немаше погодоци во регуларниот дел, па натпреварот отиде во продолжение. Свесни дека пеналите се лотарија, Французите тргнаа силно кон постигнување на гол, но не успеаа да се заканат посериозно.

Во 108. минута одличен шут од слободен удар на Гереиро кој заврши во пречката од голот на Лорис.

Но само минута подоцна тој капитулираше, Едер биеше од далечина по земја, неговиот силен шут заврши во мрежата на Лорис за огромно славје на Португалија.

Во последните десетина минути Франција не успеа да дојде до изедначување, домаќинот доживеа болен пораз на свој терен.

По последниот свиреж на судијата славјето можеше да почне, Португалија ја слави својата прва голема титула!