24фудбал

Арбелоа ги пецна Дешам и Франција: Ова ви се случува кога најдобрата 9ка ја оставивте дома

Алваро Арбелоа побрза да им замери на Дидје Дешам и Франција за одлуката Карим Бензема да не добие повик за настап на ЕУРО 2016

ЕУРО 2016

Напаѓачот на Реал Мадрид не беше во комбинација за Европското првенство поради дисциплински причини и инволвираност во секс скандалот на Матју Валбуена.

„Триколорите“ вечерва доживеаа пораз во финалето, па Алваро Арбелоа побрза да им замери на Дидје Дешам и Франција за одлуката Карим Бензема да остане дома.

„Ова ви се случува кога најдобрата 9ка во светот ја оставивте дома... – напиша поранешниот фудбалер на Реал Мадрид на Твитер.

„Честитки за Португалија, Кристијано и Пепе!