Категорија: ЕУРО 2016 11.07.2016 00:49
Кристијано Роналдо поради повреда уште во раната фаза од средбата мораше да биде повлечен од игра, па од клупата за резерви делеше совети до своите соиграчи во поголемиот дел од натпреварот.
Но и без својата најголема ѕвезда, Португалија успеа да стигне до историска победа на Европските првенства благодарејќи на голот на Едер во 110. минута.
Херојот на „Селесао“ по крајот на натпреварот откри што му кажал капитенот Кристијано Роналдо пред да влезе во игра.
„Роналдо ми кажа дека јас ќе го постигнам победоносниот гол” – вели напаѓачот.
„Ми даде сила и енергија, неговата мотивација беше важна за погодокот што го постигнав”.