Категорија: ЕУРО 2016 11.07.2016 07:58
Антоан Гризман имаше одлично Европското првенство кое не успеа да го зачини и со големиот трофеј. Франција на своја почва пропушти да стане шампион.
„Сурово и прекрасно е во исто време. Доживеавме некои исклучително моменти но и најтажните. Треба уште да учиме. Но дадовме се од себе и не треба да жалиме. Горд сум на овој составот, горд сум на сите. Сега треба да се вратиме посилни“ - вели Гризман.
„Не успеавме како против Германија и тоа е тажно. Ја погодивме стативата, и јас имав шанси да дадам гол, веќе речиси дадов но голманот беше одличен. Фрустрирачки е, но мора да се вратиме посилни“.
„Што се однесува до „Златната копачка“, можеби понатаму ќе почувствувам гордост, но сега сум многу разочаран што со моите соиграчи загубивме. Многу сакав да им го донесам трофејот, но не можев да постигнам гол, разочаран сум“.
Гризман со шест голови беше убедливо најдобриот стрелец на Европското првенство, по три постигнаа Роналдо, Жиру, Паје, Бејл, Нани и Мората.