24фудбал

Фудбалот е повеќе од спорт: Мало португалско момче тешеше француски навивач кој плачеше по поразот (ВИДЕО)

Неверојатни сцени од фан зоната во Париз, мало португалско момче, тешеше француски навивач кој не можеше да ги сокрие солзите по поразот на неговата земја.

ЕУРО 2016

Французите тешко го прифатија поразот на своите фудбалери во финалето против Португалија, па многу солзи се пролеаа низ Париз.

Камерите снимија еден многу интересн и емотивен момент, како мало португалско дете тешеше француски навивач кој плачеше по крајот на мечот. Фудбалот е многу повеќе од спорт.