24фудбал

Несреќниот пораз на Вардар од Динамо Загреб (ВИДЕО)

Најинтересните моменти од натпреварот помеѓу Вардар и Динамо Загреб. Македонскиот шампион создаде доволно шанси за да не загуби, но среќата беше сојузник на противникот.

Видео

Две грешки на одбраната го чинеа Вардар пораз од Динамо Загреб. „Црвено-црните“ одиграа храбар натпревар, создадоа доволно шанси за гол, два пати ја погодија стативата, еднаш пречката, но топката не сакаше да влезе.