24фудбал

Головите на Трајковски и Несторовски на пријателскиот меч на Палермо (ВИДЕО)

Македонските фудбалери беа главни играчи на Палрмо во првото полувреме од пријателскиот меч против Австрискиот нисколигаш АСКО Митлерн кој го победија со 10-0.

Видео

Трајковски постигна два, Несторовски еден, својот деби во дресот на Палермо. Двајцата беа стартери и настапија само во првото полувреме, во вториот дел тренерот извади комплетно нова постава.

Трајковски го постигна првиот гол со глава, потоа имаше убава асистенција до Куаисон за 2-0, беше стрелец и на третиот гол беше лесна задача по една грешка на противничката одбрана. Четвртиот гол беше дело на Несторовски.