24фудбал

УЕФА подели 150 милиони евра за ЕУРО 2016, еве колку добија клубовите од Македонија (ФОТО)

Европската куќа на фудбалот на клубовите од Европа им подели 150 милиони евра како надомест за тоа што ги ослободиле играчите во квалификациите и самата завршница на ЕУРО 2016

ЕУРО 2016

Вкупно 641 клуб од 54 земји добија финансиска надокнада од УЕФА за тоа што ги ослободиле играчите да настапат во квалификациите за Европското првенство од 2014 до 2015, како и самата завршница на ЕУРО 2016.

Европската куќа на фудбалот подели 150 милиони евра, од кои 100 милиони се наменети за клубовите кои ги ослободиле играчите за завршниот турнир во Франција, и 50 милиони евра се за клубовите кои ги ослободиле играчите во квалификациите.

Клубовите од Македонија инкасирале речиси 326.000 евра, најмногу добил шампионот Вардар, „Црвено-црните“ инкасирале нешто над 148.000 евра.

Потоа следува Работнички, клубот од Дебар Маало добил околу 115.000 евра.

Шкендија добила околу 31.000 евра, Металург нешто над 26.000 евра, а Брегалница само скромни 4.400 евра.

Најмногу има добиено Јувентус, шампионот на Италија инкасирал околу 3.48 милиони евра, зад него е Ливерпул со 3,39 милиони евра, а потоа следува Тотенхем со 3,06 милиони евра.

УЕФА најавува дека за ЕУРО 2020 на клубовите ќе им бидат поделни околу 200 милиони евра.