24фудбал

Двојна круна за Ристовски и Жута, Ријека го освои и Купот на Хрватска (ВИДЕО)

Екипата на Ријека стигна и до трофеј во Купот на Хрватска и во целост ја сруши неколкугодишната доминација на Динамо Загреб.

Македонија

Ријека славеше победа над Динамо Загреб со 3-1 на финалниот меч од Купот на Хрватска што се одигра во Вараждин пред полни трибини.

Стефан Ристовски одигра 85 минути на финалето, притоа беше заменет од Леонард Жута кој доби прилика за настап во самиот крај на мечот.

Според информациите кои ги пласираа хрватските медиуми по објавувањето на почетните состави, наводно Жута почна од клупата на овој натпревар поради тактиката која ја замислил шефот на стручниот штаб на Ријека, Матијаж Кек за овој меч, односно поради поголема брзина на левата бековска позиција.



Фото: sportske.jutarnji.hr