24фудбал

Јувентус ги интензивира преговорите за Чан, но има и алтернативно решение

Италијанскиот шампион е решен во намерата да се засили со фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, но има и резервна варијанта.

Италија

Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, се вели дека тимот на Јувентус ги интензивирал преговорите за Емре Чан, се очекува во наредните 72 часа да дојде до евентуален договор помеѓу двата клуба.

Сепак, клубот од Торино има и резервна варијанта во обидот да се засили во средниот ред, како алтернативно решение се јавува Кевин Стротман од Рома.

Јувентус се чини дека знае што сака во случајот со Чан, неговиот актуелен договор со англискиот премиерлигаш истекува за 10 месеци, но во случајот со Стротман е сосема поинаку, тој има петгодишен договор со „Римската волчица“, па останува отворено прашањето колку директниот ривал за титулата во Калчолигата ќе биде расположен за преговори.

Се шпекулира дека тимот од Торино е подготвен да издвои помалку од 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра.