24фудбал

ЛШ: Тотенхем славеше над Борусија Дортмунд, Ливерпул ремизираше со Севилја, Реал Мадрид и Манчестер Сити убедливи (ВИДЕО)

Со вечерашните осум средби, се комплетираше првата рунда натпревари во воведното коло од новата сезона во фудбалската Лига на шампиони.

Лига на Шампиони

Интересен натпревар се одигра на „Вембли“ во Лондон, во дербито на вечерта, каде Тотенхем обезбеди триумф од 3-1 над Борусија Дортмунд. Сон по само четири минути игра ги доведе во водство домаќините, кои само седум минути се радуваа на водството, по голот на Јармоленко. Кејн веднаш возврати за повторно водство на Тотенхем во 15. минута. Конечните 3-1 ги постави истиот фудбалер во 60. минута.

Ливерпул и Севилја одиграа мошне интересен натпревар каде истиот заврши со реми и поделба на бодовите помеѓу обете екипи, со резултат 2-2, а домаќините пропуштија голема шанса за победа на „Енфилд Роад“.

Први во водство дојдоа гостите со погодокот на Бен Једер уште во 5. минута, но домаќините со погодоците на Фирмино во 21., односно Салах во 37. минута направија пресврт и ги поставија конечните 2-1 од првото полувреме, можеа и до 3-1 но Фирмино пропаши пенал на три минути пред истекот на првиот дел. Конечните 2-2 од мечот во Англија ги постави Кореа во 72. минута.

Реал Мадрид со двата гола на Роналдо и едниот на Рамос со триумф над АПОЕЛ од 3-0 ја почна одбраната на титулата во Лигата на шампионите, додека пак убедлива победа од 0-4 забележа Манчестер Сити на гостувањето кај Феенорд со двата гола на Стоунс, односно по еден постигнаа Агуеро и Жезус.

Од останатите натпревари кои се одиграа вечерва, Марибор освои бод на домашен терен против Спартак Москва, Шахтјор тргна со триумф над Наполи, исто како и Бешикташ на гости кај Порто, додека пак Лајпциг и Монако ги поделија бодовите.

 

РЕЗУЛТАТИ И ПОГОДОЦИ ОД ВЕЧЕРАШНИТЕ СРЕДБИ


Група „Е“

Марибор – Спартак Москва 1-1 (Самедов 60’, Мешановиќ 85’)



Ливерпул – Севилја 2-2 (Беј Једер 5’, Фирмино 21’, Салах 37, Кореа 72’)





 

Група „Ф“

Шахтјор – Наполи 2-1 (Тајсон 15’, Фереира 58’, Милик 71’)




Феенорд – Манчестер Сити 0-4 (Стоунс 2’, 63’, Агуеро 10’, Жезус 23)





 

Група „Г“

Порто – Бешикташ 1-3 (Талиска 13’, Тошиќ а.г. 28’, Тосун 28’, Бабел 86’)





Лајпциг – Монако 1-1 (Форсберг 33’, Тиелеманс 35’)



 

Група „Х“

Тотенхем – Борусија Дортмунд 3-1 (Сон 4’, Јармоленко 11’, Кејн 15’, 60’)





 

Реал Мадрид – АПОЕЛ 3-0 (Роналдо 12’, 51’, Рамос 61’)




 

Фото: uefa.com