24фудбал

Трајковски пресреќен: Му дадов гол на најдобриот голман во светот!

Александар Трајковски не го криеше задоволството по голот против Италија, вели дека е пресреќен што ја затресол мрежата на Џиџи Буфон, најдобриот голман во светот

Англија

Македонија се избори за голем бод на гостувањето кај „Аѕурите“, а херој на „Црвено-жолтите“ беше Александар Трајковски.

Фудбалерот на Палермо во 77. минута го матираше Џиџи Буфон и донесе 1-1.

„Пресреќен сум за погодокот – вели Александар Трајковски за Палермокалчо. „Му дадов гол на најдобриот голман во светот!”

„Ремито против Италија е многу престижен резултат за мојот национален тим.

Оваа недела, Македонецот беше критикуван од лидерите на Палермо за слабата форма во која игра, па тој изрази надеж дека ќе почне да погодува и во дресот на „Сицилијанците“.

„Сега со нетрпение чекам да постигнувам голови и во дресот на Палермо. Имаме должност да се вратиме во Серија А. Жалам што нема да можам да помогнам во недела против Парма, но сигурен сум дека оние кои ќе настапат ќе го дадат максимумот за победа.