24фудбал

Играше за младинците на Исланд, се реши да настапува за САД, за да игра на Светско првенство...

Арон Јохансон не се кае за одлуката, вели дека е горд на неговиот учинок и настапот на Мундијалот пред три години.

Останато

Арон Јохансон, фудбалерот за кого во моментов на големо се пишува...

Станува збор за поранешен член на младинскиот состав на Исланд за фудбалери до 21 година, а подоцна се решава да настапува за сениорскиот состав на Соединетите Американски Држави, причината... за да биде дел од Светските првенства.

Се чини дека Американците добро го убедиле фудбалерот кој инаку е роден во САД, па нему му успева да биде дел од Мундијалот во Бразил во 2014. година, но далеку од тоа дека ќе биде прв избор кај германскиот стратег Јирген Клинсман, па добива само една шанса, и тоа против Гана во победата од 1-2, влегувајќи на теренот од клупата за резерви, и ништо повеќе од тоа.

Но, кој би рекол дека исландскиот фудбал ќе бележи таков развој во последните неколку години, веројатно ни самиот тој не очекувал ваков расплет на околностите.

Исланд се пласираше на последното Европско во Франција, каде беше едно од најпријатните изненадувања на тамошниот шампионат, а таа мала фудбалска земја која брои околу 350.000 жители ќе ја гледаме и на Мундијалот идната година во Русија.

Што се однесува пак до САД, тие не успеаа да се пласираат иако во својата конкуренција имаа противници во квалификациската група како Тринидад и Тобаго, Кондурас, Панама, па и Костарика, која не е за потценување, но далеку од квалитетите на противниците со кои се справи Исланд.

Сепак, 26 годишниот фудбалер кому му се предвидуваше блескава кариера, во моментов игра за вториот тим на Вердер, а се чини дека се тргна за него во надолна линија по одлуката да настапува за САД, каде во моментов воопшто не е ниту во плановите на селекторот Брус Арена, а тој упати и порака на социјалните мрежи велејќи дека е горд на успехот на Исланд.