24фудбал

Торино го сака Нестогол во јануари

Според италијанскиот весник „Тутоспорт“, Илија Несторовски ќе биде приоритетна цел на Торино во јануарскиот преоден рок.

Македонија

Торино во јануари сака да купи офанзивен фудбалер. Според торинскиот весник „Тутоспорт“, прв на листата со желби им е Илија Несторовски.

Несторовски пред само неколку дена потпиша нов договор со Палермо, но тоа не мора да значи ништо. Претседателот Ѕампарини не ја отфрли можноста Македонецот да биде продаден ако дојде добра понуда иако потенцираше дека тој е главниот столб во тимот.

Прв напаѓач на Торино е Белоти и тешко дека нему некој може да му го земе местото, па најверојатно клубот бара само добра замена. Цената на Несторовски е најмалку 15 милиони евра.

Доколку не успеат во намерата да го ангажираат Несторовски, Торино има други две алтернативи, Фалчинели од Сасуоло и Кутроне од Милан.