Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев го постигна првиот гол оваа сезона за Џенова со кој му донесе водство на својот тим пред крајот на полувремето во Верона.
Категорија: Италија 04.12.2017 22:01
Пандев ја оправда улогата на стартер на денешниот меч во Верона и пред самиот крај на првото полувреме го отвори резултатот на натпреварот.
До македонскиот фудбалер дојде една топка во шеснаесетникот, а тој убаво ја смести во мрежата на домаќините.
24fudbal.com.mk