24фудбал

Нани не можеше да премолчи на провокациите, Португалецот се степа со навивачи на Лацио (ВИДЕО)

Португалецот очигледно не е омилен помеѓу навивачите на Лацио.

Италија

Лацио веќе четири натпревари не знае за победа, а тоа ги налути фановите на тимот од Рим кој едвај се спаси од пораз на гостувањето кај Каљари со чудесниот погодок на Имобиле во самата завршница од средбата.

На враќањето во Рим, за време на летот португалскиот офанзивец Нани беше вербално нападнат од фановите на клубот а тој возврати на провокациите,


Инаку, Нани на мечот против Каљари во игра влезе на местото на Де Вриј во 76. минута при негатива од 2-1 за Лацио, а очигледно е дека на нив воопшто не им се допаѓа како Португалецот се однесува во дресот на  Лацио на терените.