24фудбал

Емери е минато, Тухел е нов тренер на ПСЖ

Големите медиуми јавуваат дека Томас Тухел постигнал договор со ПСЖ, тој ќе го води тимот од следната сезона, Унаи Емери заминува.

Франција

Германскиот „Билд“ пишува дека Тухел добил двегодишен договор со ПСЖ со опција да биде продолжен за уште една година.

44-годишниот Германец се поврзуваше со Арсенал и Челси, дури и со Баерн Минхен, но ПСЖ ќе биде неговиот следен предизвик.

Наскоро се очекува овие вести и официјално да бидат соопштени од францускиот клуб.

Заминувањето на Емери не е изненадување, раководството на клубот не е задоволно од неговиот учинок, му ги донесе Нејмар и Мбапе, тимот се уште е далеку од европска доминација.