Македонскиот голман, Дејан Илиев кој брани за Арсенал заработи повреда на челото која беше санирана со неколку конци, глетката не е најпријатна.
Категорија: Македонија 13.04.2018 22:17 Прочитано: 2825 пати
Илиев кој со одбранет пенал против Виљареал го однесе Арсенал во финалето на интернационалниот турнир за играчи до 23 години, заработи сериозна повреда.
Тој на неговиот инстаграм профил објави слика од повредата која изгледа страшно, расекотина на челото санирана со неколку конци. Но македонскиот голман смирува, вели дека не е сериозно.