24фудбал

Манчестер Сити е нов шампион на Англија!

Иако денеска немаа натпревар, Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата откако Јунајтед изненадувачки загуби на домашен терен од ВБА со 1-0.

Англија

Требаше Манчестер јунајтед да загуби против ВБА за Манчестер Сити да ја завери титулата уште денес, тоа изгледаше малку веројатно, но се случи.

Последниот тим на табелата го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд и му овозможи на Сити уште денеска да се радува на големиот трофеј.

Манчестер јунајтед доминираше на теренот во текот на целиот натпревар, но залудно. Фостер одбрани неколку шутеви на домаќините, но сепак тие не направија доволно за да го добијат овој дуел.

Клучниот момент се случи во 73. минута кога Џеј Родригез постигна гол за победа на ВБА од 1-0.

ВБА се радува на овој триумф, на уште повеќе на него се радува Манчестер Сити кој стана шампион во Премиерлигата.

Во првиот денешен натпревар Њукасл со пресврт го победи Арсенал со 2-1.