24фудбал

Шик погоди по една година, Рома со победа од 0-3 се загреа за Ливерпул (ВИДЕО)

„Волчицата“ со три гола и три бода се враќа од гостувањето кај СПАЛ, Патрик Шик го постигна првиот погодок во дресот на Рома

Италија

Последната генералка пред натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите избраниците на Ди Франческо ја поминаа одлично. Иако на теренот излезен мешан состав, Рома постигна три гола и стигна до три важни бода во трката за топ четири пласман.

Резултатот беше отворен во 33. минута кога Викари си постигна автогол. Наинголан погоди за 0-2 во 52. минута а по еден час игра, Шик ги постави конечните 0-3.

За Чехот, кој минатото лето беше пред трансфер во Јуве но „Старата Дама“ се откажа поради срцева мана на напаѓачот, ова беше прв гол во Серија А по пауза од една година, и прв во дресот на Рома во Калчото.