24фудбал

Челси против Манчестер јунајтед во финалето од ФА Купот (ВИДЕО)

Челси со голови на Жиру и Мората го победи Саутемптон и закажа финале против Манчестер јунајтед во ФА Купот.

Англија

Големо финале во ФА Купот, Жозе Мурињо против својот поранешен клуб, Челси.

Денеска во второто полуфинале на Вембли, Челси со 2-0 го победи Саутемптон со погодоци во вториот дел од мечот.

На самиот старт на второто полувреме Жиру постигна прекрасен гол, со еден потег легна тројца играчи на Саутемтпон и ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.

Мечот го реши Мората по само две минути откако влезе во игра, постигна гол во 82. минута со глава за конечни 2-0.