24фудбал

Енфилд грмеше два часа пред стартот на мечот, но од навивачите на Рома! (ВИДЕО)

Навивачите на италијанскиот прволигаш направија невидена атмосфера.

Лига на Шампиони

Рома направи чудо против Барселона во четвртфиналето, најнапред загуби со 4-1 на гости, но пред своја публика славеше со 3-0 и обезбеди место во полуфиналето, каде вечерва на гости загуби во првата пресметка против Ливерпул со 5-2.

Италијанците имаа поддршка од трибините на Енфилд, навивачите на тимот од Рим се сместија на арената во Ливерпул на речиси два часа пред стартот на мечот, или поточно еден час и 45 минути, а за тоа каква атмосфера приредија, проследете во видеото...