24фудбал

Медиумите го поврзуваат со преселба во Лондон, а Симеоне негира: Не сум разговарал со никого од Арсенал, уживам во Атлетико Мадрид

Тренерот на Атлетико Мадрид се чини дека не ни помислува да си замине од клупата на шпанскиот прволигаш, за што истакна дека ужива во својата работа.

Англија

Веќе подол период неколку тренерски имиња кружат низ медиумите за тоа кој ќе го наследи Арсен Венгер на клупата на англискиот Премиерлигаш Арсенал, една од опциите е тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Тој демантира дека има реалност во тие шпекулации, а воедно додава дека ужива во својата работа во шпанскиот прволигаш.

Не сум разговарал со никого од Арсенал, уживам во својата работа во Атлетико Мадрид. Првата работа која ми паѓа на памет во врска со Арсен Венгер е воодушевување од тоа што го стори во неговата тренерска кариера. Себе си се гледам како млад тренер кој внимателно го следи и учи од него. Позицијата која тој ја има во фудбалот е прекрасна“ рече Симеоне.