24фудбал

Баерн Минхен на тапет кај УЕФА поради влегувањето на навивачи на теренот, но и транспаренти против Европската куќа на фудбалот (ВИДЕО)

Германскиот тим сигурно ќе се соочи со казна од УЕФА поради тоа што се случи синоќа.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен синоќа загуби од Реал Мадрид пред своја публика со 1-2 во првата пресметка помеѓу овие две екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тоа што се случи по крајот на средбата во Минхен може да му донесе голема казна на германскиот тим, откако по последниот свиреж на главниот арбитар неколку навивачи од сите страни на трибините влегоа на теренот а редарите не беа во можност сите да ги спречат.

Сепак, не беше само тоа проблем кој влезе во нотесот на  делегатот, УЕФА соопшти дека дисциплинска постапка ќе биде покрената и поради истакнувањето на недозволени транспаренти против Европската куќа на фудбалот, а конечната одлука за овој предмет ќе биде донесена на крајот од идниот месец.